Search

Ветеринарот Марин- скопскиот доктор Дулитл

Работи со пациенти кои не знаат да кажат што им е и колку се болни. Често низ градот луѓето кои ги носат своите миленици во неговата ординација знаат да кажат дека е македонскиот доктор Дулитл кој беспрекорно поставува дијагнози. Најнеобичен пациент кој го лекувал била срна, а секојдневно во неговата ординација има многу домашни миленици. Тоа е доктор Марин Величковски, еден од најпознатите скопски ветеринари кои за 24 инфо вели дека неговата популрност се должи на долгогодишната работа и искуството кое доаѓа со неа.

Точно е дека работам со пациенти кои не знаат да кажат што им е, но затоа знаат да покажат. Можноста за препознавање на симптомите, анализите и анамнезата доведуваат до точно поставување на одредена дијагноза. Во однос на коментарот, верувам дека секој ветеринар е д-р Дулитл за своите пациенти, но можеби мојата популарност се должи на долгогодишното искуство и работа во оваа област.
– Пролет е време на масовна појава на крлежи и болви кај домашните миленици. Што препорачувате како заштита? 

-Од секојдневната пракса, одговорно тврдам дека не е само пролет годишно време во кое има масовна појава на болви и крлежи. Поради временските услови, надворешните паразити ги има преку целата година, па затоа ги советувам сопствениците на моите пациенти да ги заштитуваат своите миленици редовно. На пазарот има широка палета за заштита, почнувајќи од ампули,околувратници па се таблетки за прочистување од надворешни паразити. Сите се покажале доста ефикасни доколку се употребуваат како што треба.
– Се повеќе Македонците купуват домашни миленици. Што зборува вашето искуство за грижата кон нив? 

– Чување на миленик (без оглед на тоа дали е купен, вдомен, најден) е голема обврска.  Потенцијалните сопственици треба да се информираат околу природата на миленикот пред да го земат. Навремената реакција при промена во однесувањето на миленикот и редовните контроли кај ветеринарот се многу важни за здравјето на миленикот.
– Доколку сме во дилема за купување на нов член на семејство, што препорачувате за прв миленик, мачка или куче?

– И мачката и кучето имаат одредени особини кои го одликуваат нивниот карактер. Јас лично не би сакал да издвојам едно од нив, бидејќи и самиот чувам и мачка и куче.
– Алергиите и домачните миленици… Може ли истата да се надмине доколку некој член е алергичен на животински влакна?

– Што се однесува до алергиите предизвикани од милениците, тука оставам на колегите од хуманата медицина да го кажат своето мислење.
– Најтежок пациент кој сте го спасиле?

– Секоја состојба кај домашните миленици која бара интервенција е тешка на свој начин. Факторите кои влијаат на тежината се возраста, дијагнозата, повредата и слично. Круцијален фактор е способноста на организмот на животното да се избори со состојбата во која се наоѓа, секако со помош на ветеринарот.
– Во склоп на ординацијата работи и гриминг за кучиња. Колку има заинтересираност за посета на тој дел од вашето работење? 

– Грумингот на животните, покрај естетски има и здравствен карактер. Со редовното одржување на хигиената, можеме да ја следиме состојбата на кожата, квалитетот на влакното и др. Заинтересираност за груминг постои, впрочем секој сопственик сака среден и убав миленик.
– Најнеобичен миленик кој го донеле кај вас на лекување?

– Најнеобичен миленик кој што го донеле на лекување во мојата амбуланта беше срна, за жал удрена од кола.
– Имате време за одговор на сите прашања поврзани со милениците на вашите клиенти како во живо така и по телефон. Кој е д-р Марин прриватно, што го релаксира во слободно време има ли хоби? 

– Слободно време имам многу малку. Како студент во Сараево интензивно свирев гитара. Сега наоѓам време понекогаш, само за да се присетам на некои песни и времиња.

Валентина Ангеловска

Фото: Слободан Ѓуриќ

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави