Search

Велосипедист тешко повреден откако удрил во куче

Велосипедист од Скопје бил тешко повреден откако со велосипедот удрил во куче и паднал, вчера во Скопје.

Според полицијата, вчера во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Свети Наум Охридски, Д.Ч.(45) од Скопје, управувајќи велосипед удрил во куче и паднал.

Од падот тој се здобил со тешки повреди.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави