Search

Велковски разрешен од позицијата директор на БЈБ

Велковски разрешен од позицијата директор на БЈБ

Лазе Велковски, е разрешен од позицијата директор на Бирото за јавна безбедност при МВР. Ова е одлука на Владата, донесена на денешната седница. Како што дознаваме денеска не се дискутирало за тоа кој ќе биде нов директор на ова одделение во министерството. Се очекува конкретни имиња да се спомнат на следната владина седница, идната недела.

Велковски замина од позицијата како последица на притисокот од јавноста, откако се дозна дека испратил службено возило и службен возач да ја однесе неговата ќерка и нејзини пријателки до туристичко место во Грција , на одмор. Велковски се обидуваше да ја оправда постапката наведувајќи „претходни закани за членови од неговото семејство“.

Премиерот Зоран заев вчера самиот оцени дека Велковски погрешил, но додаде дека тој е ценет стручњак и член на СДСМ, па не ја исклучи можноста тој да остане вработен во МВР.

Треба да знаете
Последни објави