Search

Вебер апелира до британските пратеници да покажат „одговорност” за договорот за Брегзит

Вебер изјави дека сите мораат да увидат дека договорот за повлекување закажан за 29 март, „ќе доведе до тешка, можеби и многу хаотична ситуација”.

– Сега на потег е Британија. Нашите колеги од Долниот дом на британскиот Парламент сега носат голема одговорност – договорот е на маса, изјави германскиот конзервативец.

Вебер изјави дека сите мораат да увидат дека Брегзит без договор „ќе доведе до тешка, можеби и многу хаотична ситуација”.

Британски пратеници денеска ја започнаа петдневната расправа по договорот за Брегзит постигнат меѓу Брисел и Линдон, во пресрет на гласањето по текстот предвидено за 15 јануари.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март, а посотјат стравувања дека тоа може да се случи без договор за идните односи меѓу Обединетото Кралство и Унијата.

Треба да знаете
Последни објави