Search

Ватикан им ги простува гревовите на сите заболени од коронавирус под еден услов

Римокатоличката црква објави дека на верниците кои биле заразени со коронавирус ќе им бидат простени сите нивни гревови, објави телевизијата „Франс 24“.

Според одлуката на Ватикан, роднините кои се грижат за заразените, лекарите и луѓето кои се молат за нивното здравје можат да сметаат на прошка на гревовите.

За да добијат право на прошка, болните католици мора да се молат и од далечина да учествуваат во важни црковни празници.

Оние што се молат за здравјето на лекарите треба да ја читаат Библијата најмалку 30 минути секој ден, објави „Спутник“.

Досега во Италија се заразени скоро 63.000 луѓе, со потврдени над 6.000 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави