Search

ВАР-технологија ќе има и на стадионите каде ќе се играат плеј-оф мечевите за ЛШ

Натпреварите од плеј-офот за палсман во групната фаза од елитното клупско фудбалско натпреварување Лигата на шампионите кои ќе се играат идната недела на 20 и 21 август, а реваншите се една недела подоцна (27 и 28 август) ќе бидат покриени со ВАР-технологија, која е задолжителна и функционира на сите мечевите од групната фаза. Трошоците за инсталирање на оваа технологија на стадионите каде ја нема, а ќе се играат овие натпреаври, ќе ги сноси УЕФА. На стадионите каде ќе се играат овие мечеви во посебна просторија ќе бидат сместени 12 монитори преку кои ќе се следи секој дел и ситуација од случувањата на теренот.

ВАР технологијата ќе остане  монтирана на оние стадиони од екипите кои ќе изборат пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Поразените екипи обезбедуваат дирекно учество во групната фаза од Лига Европа, а во ова второ по ранг клупско натпреварување примената на ВАР-системот ќе стартува од сезоната 2020/21 година. Исклучок е само финалето од ова натпреаврување.

Во плеј офот ќе играат (20 и 28 август): ЦФР Клуж  (Романија) – Славија Прага (Чешка), АПОЕЛ (Кипар) – Ајакс (Холандија),  ЛАСК (Австрија) – Бриж (Белгија), (21 и 27 август): Динамо (Хрватска) – Розенборг (Норвешка), Јанг Бојс (Швајцарија) – Црвена звезда (Србија), Олимпијакос (Грција) – Краснодар (Русија).

Треба да знаете
Последни објави