Search

Вархеји: На Србија ќе и биде овозможено користење на 15 милиони евра за итни потреби

Српскиот претседател Александар Вучиќ и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, имаа денес телефонски разговор за помошта на ЕУ за Србија и Западен Балкан во борбата против ширењето на вирусот Ковид-19, соопштија од кабинетот на Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вархеји му пренел на Вучиќ дека на надлежните служби дал инструкции на Србија да и биде овозможено користење до 15 милиони евра за итни потреби кои ќе бидат финансирани од тековните договори со УНОПС и УНДП и од програмата за поддршка на европските интеграции, како и да се разгледа користењето на преостанатите 20,8 милиони евра од програмата за европска интеграција за краткорочни потреби, а, во согласност на Владата на Србија, да се пренасочат до 57,6 милиони евра од програмите првично доделени на други проекти за краткорочни и среднорочни потреби, се наедува во соопштението.

Вархеји изразил надеж дека, со оглед на сегашните потреби и состојбата во земјите-членки на ЕУ, тој ќе може позитивно да одговори на барањето на Србија за поддршка на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и истовремено укажал на проширување на Фондот за солидарност на ЕУ за отстранување на последиците на загрозување на јавното здравје.

На Србија и е понудена и можноста да се приклучи на доброволниот договор за заедничките набавки.

Вучиќ во разговорот со Вархеји порачал дека Србија е благодарна за досегашната помош на ЕУ во борбата против вирусот Ковид 19 преку финансирање на итната набавка на медицинска опрема, како и финансирање на карго-летовите со кои се испорачува опремата.

Во поглед на помоштна на ЕУ за Србија во борбата со коронавирусот, денес министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ се обрати до Делегацијата на ЕУ во Белград со молба за дадат логистичка подршка на Србија за 10 летови на товарни авиони за превоз на медицински апарати и опрема, од средствата на Програмата за цивилна заштита и катастрофи на УНДП во вредност од 7,5 милини евра, соопштија од српската влада.

Треба да знаете
Последни објави