Search

Вардар преку Мотор си обезбеди осминафинале во ЛШ

Македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен првак во машка конкуренција Вардар кој деновиве се соочи со егзодус на своите првотимци по повеќемесечната финансиска криза, вечерва со играчите кои останаа на располагање се надмина и го „зарибаа“ украинскиот Мотор (38:28) за да си го верификуваат настапот во осминафиналето во Лигата на шампионите. Дека јунаците се познаваат на мака, покажаа актуелните „црвено-црни“  шампиони недозволувајќи проблемите да им ги расипат есапите и да не ја мината групната фаза од елитното клупско натпреаврување. Вардар со оваа победа на две кола пред крајот на групната фаза го обезбеди настапот во осминафиналето. Сега е на петтата позиција во групата со бод повеќе од Порто, на кого му гостуваат во следното коло.
Вардар одигра добра партија пред своите навивачи во СЦ „Јане Сандански“ и во ниту еден момент не му дозволи на гостионот од Украина да го доведе во прашање посакуваниот триумф неопходен за пласманот во осминафиналето.
Вардар почна фуриозно. Брзо направи предност од пет гола (7:2), но Мотор не се предаде, намали на еден гол (11:10) за да „црвено-црните“ со серија од 5:0 ја направија највисоката предност во првиот дел (16:10) која до крајот на натпреварот ја дуплираа (38:28).
На дебито за новиот тренер Стевче Алушовски со Вардар во Лигата на шампионите, најефикасен играч во неговиот тим беше Сташ Скубе со осум голови, Чупиќ постигна шест, а Дибиров и Горбок завршија со по пет голови. По три постигнаа Стоилов и Калараш, а младиот голман Кизиќ имаше девет одбрани.
Треба да знаете
Последни објави