Search

Вардар и во Куп му го зеде трофејот на Е.Пелистер

Вардар е старо-нов освојувач на ракометниот Куп во Македонија. Во финалето на завршниот турнир одржан во Кавадарци, „црвено-црните“ го совладаа лутиот ривал Еурофарм Пелистер (23:22). Вардар до својот 15. триумф во Купот стаса со пресврт направен во последните секунди од мечот откако Филип Талевски испрати проектил за голема тага кај „фармацевтите“, кои на 15 минути пред крајот имаа и пет голови предност.

Почетокот на натореаврот беше изедначен (2:2 и 4:4), по што Вардар поведе со 8:4, па влезе во резултатска криза повеќе од десетина минути. Еурофарм Пелистер направи серија од 8:0 и успеа на одмор да замине со предност од четири гола (12:8).

Второто полувреме доцнеше неколку минути поради навивачките пресметки на „Комити“ и „Чкембари“, па двата тима се договорија да не ги менуваат страните на полувреме и продолжија да напаѓаат на истиот гол.

Во 35 минута Пелистер прв пат поведе и со пет гола предност (15:10), а битолчани го контролираа резултатот и во следниот дел, па во 45 минута беше 18:13. Сепак, вардарци не се предадоа, па во последните 10 минути стигна до два негатива 18:20.

Во 54 минута Вардар се доближи само на еден гол негатива (21:20), a со погодокот на Дибиров од контра-напад, на точно три минути до крајот, резултатот беше израмнет 22:22. Еурофарм Пелистер не успеа да погоди во нивниот последен напад, па беше казнет.

Треба да знаете
Последни објави