Search

Вардар има здравствени проблеми во тимот пред реваншот со ПИК Сегед

Повеќекратниот македонски и двократен европски првак Вардар в четврток ќе го игра реваншот од групата А во Лигата на шампионите против унграскиот ПИК Сегед, кој пред една недела ја искористи предноста на домашниот терен (34:31). Во рамките од 8. коло Вардар ќе се обиде да ја прекине црната серија од ќетири порази во низа во елитното натпреаврување.  Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ во пресрет на новата обврска во ЛШ се пожали дека има проблеми со здравствениот билтен кај играчите. Неизвесно е на колку од шестмината болни или повредни играчи ќе може да смета за дуелот в четврток во Скопје.

-Нашата ситуација во овој момент со здравствениот билтен е катастрофална. Дибиров има вироза, прима инфузии и не знаеме дали ќе биде спремен. Мишевски и Куни имаа судир и двајцата се во аут. Тото е повреден, Кудуз и Стоилов се неизвесни, рапортира Вујовиќ.

Според Вујовиќ без разлика на здравствениот билтен во тимот, оние кои ќе настапаат ќе имаат импењратив да го добијат овој натпреавр.

-За моите критериуми, за критериумите на јавноста недозволиво е да имате пет порази во низа. Мораме да одиграме цврсто и со малку голови, тоа ќе ни одговара за да дојдеме до победа и да ја прекинеме серијата порази, изјави Вујовиќ.

Треба да знаете
Последни објави