Search

Вардар ги започнува подготовките на 24 јули

Актуелниот европски првак Вардар подготовките за новата сезона ќе ги започне на 24 јули (среда) во Скопје во салата во СЦ „Јане Сандански”, соопштија од клубот.

Сезонава „црвено-црните” ќе бранат четири трофеи: во првенството на Македонија, Супер куп на Македонија, СЕХА Газпром лигата и во ЕХФ лигата на шампионите. Во Вардар досега пристигнаа Димитар Димитриоски, Павел Атман, Хозе Гиљермо Толедо, Сергеј Горпишин, Артурс Кугис и Домен Сикошек Пелко, како и тренерот на екипата – Шпанецот Давид Писонеро.

Според планот, од 24 јули до 2 август ќе се тренира во Скопје каде ќе бидат завршени и сите потребни лекарски прегледи на играчите. Ќе се работи на подобрување на физичката подготвеност на играчите. На 2 август се заминува за Требиње, БиХ каде ќе се продолжат подготовките, а „црвено-црните” ќе имаат и настапат на турнир на кој ќе играат и: Борац Бања Лука, Леотар, Металопластика, Бутан изола и Извиѓач. Турнирот ќе се игра во период од 9 до 11 август.

По враќањето од БиХ ќе се работи во Скопје се до заминување за Саудиска Арабија на „Супер Глоуб”. Таму Вардар ќе настапи во периодот од 27 до 31 август. На Супер Глоуб покрај Вардар ќе играат и: Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен првак), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њу Јорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија), Кил (Германија)

Тоа ќе бидат последни натпревари пред официјалниот почетокот на СЕХА лигата и на групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави