Search

Вардар во обид да ја оствари првата победа во Полска против Кјелце

– Европскиот ракометен шампион, Вардар вечерва гостува кај полски Кјелце во рамки од осмото коло на Лигата на шампионите.

Дуелот ќе биде петта шанса за „црвено-црните” да ја остварат првата победа над Кјелце на нивни терен. Натпреварот е прогласен од ЕХФ „меч на неделата”.

Тренерот Кокшаров има проблеми со повредени, откако кај Вардар ќе недостига Даинис Кристопанс. Кристијан Дисингер и Павел Атман се најдоа во составот на вардарци, но нејасно е колку ќе играат.

Во домашниот тим ќе го нема Јахлевски.

Вардар на гостински терен сезонава има две победи во ЛШ, во Монпеље и во Запорожје, додека единствено „падна” во Веспрем.

Натпреварот започнува во 18:00 часот, а се игра во салата „Легионово”.

Треба да знаете
Последни објави