Search

Вавринка објасни зошто го пропушта УС Опен

Освојувачот на УС Опен за 2016 година, Стен Вавринка, одби да учествува на годинашното издание на турнирот поради пандемијата на коронавирус.

Триесет и пет-годишниот Швајцарец својата одлука ја објави во интервју за радио „РТС” во неговата татковина.

Така, носителот на 3 Гренд-слем титули практично потврди дека нема да игра во Њујорк, откако веќе стана јасно дека тој не е на списокот на тенисери кои се пријавиле да учествуваат на престижниот турнир.

– Ситуацијата со коронавирусот во САД, а особено во Њујорк, е многу специфична. Не сакам да патувам во вакви услови. Исто така, има многу неизвесности за карантинот. Во принцип, има премногу прашања и сомнежи. Покрај тоа, има многу комплициран календар по турнирот во Њујорк, изјави Вавринка.

Ролан Гарос започнува набргу потоа на 27 септември.

Треба да знаете
Последни објави