Search

 Буџетот за 2020 на денешната седница на Влада

На дневниот ред на денешната редовна 163-та седница на Владата на Република Северна Македонија е ставен на усвојување Предлог – буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог – законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.
На оваа своја седница Владата ќе ја разгледа и информацијата со Предлог – одлука за купување и адаптација на простор во новото седиште на НАТО во Брисел за потребите на Мисијата на Република Северна Македонија при НАТО. На предлог на Министерството за здравство денеска ќе биде презентирана и информацијата за потребата од набавка и инсталација на медицинска опрема, медицински и немедицински инвентар за потребите на Јавните здравствени установи во Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави