Search

,,Бурекомат” е најновиот изум во Србија

Сопственици на пекарница во Панчево, Србија, откако била прогласена вонредна состојба во државата, решиле да отворат шалтер за продажба на бурек, а кој ќе овозможува минимален контакт со муштериите.

Па така, тие се сетиле да постават – бурекомат!

– Повикавме мајстор за да ни направи шалтер. На едно место се ставаат парите и се враќа кусур, а под него постои дел каде што се доставува храната. Тоа го направивме затоа што најголемиот број од нашите муштерии се навикнати да купат бурек и да го јадат во нашата пекарница. Меѓутоа, поради ситуацијата со коронавирусот такво нешто не е возможно. Па затоа, моравме да најдеме решение како да ги задржиме муштериите, и направивме бурекомат – раскажала сопственичката на пекарницата, Светлана Радаковиќ.

Треба да знаете
Последни објави