Search

Бунт на машините: Робот повредил 24 вработени во Амазон

Дури 24 вработени во магацин на „Амазон“ во Њу Џерси се хоспитализирани по инцидентот во кој робот, кој што инаку им помагал, почнал да прска кон нив средство за заштита од мечки, по што еден од поврдените е во критична состојба.

Инцидентот се случил кога роботот дофатил канта во која било средството и ги испрскал своите 55 колеги при што биле изложени на капсаицин, состојка која обично се наоѓа во солзавецот.

Триесет работници добија помош на самото место, а 24 беа пренесени во болници каде што беа задржани на „проценка и третман”, објавија од „Амазон“. Исто така, компанијата уверува дека хоспитализираните работници ќе бидат пуштени дома во наредните 24 часа, пишува РТ.

„Амазон“ тврди дека истрагата за инцидентот е во тек и се заблагодарува на останатиот персонал кој дошол да помогне.
Синдикатите веќе го обвинија „Амазон” дека ги загрозил животите на работниците и тврдат дека роботот би можел да предизвикаат сериозни повреди, нагласувајќи дека никој не знае какви се долгорочните ефекти на изложеност на средството против мечки.

Треба да знаете
Последни објави