Search

Бугарскиот европратеник Илхан Кјучјук нов известувач за земјава од ЕП

Пратеникот на Европскиот парламент Илхан Кјучјук од Бугарија ќе биде новиот известувач на ЕП за Северна Македонија,објави European Western Balkans. Тој е член на групата Обнова на Европа, претходно позната како Алијанса за либералите и демократите во Европа (АЛДЕ). Претходниот известувач на ЕП за Северна Македонија, Иво Вајгл, беше од истата парламентарна група.

Кјучјук од Движењето за права и слободи во Бугарија стана европратеник во 2014 година и беше реизбран оваа година. Беше член на Комитетот на делегацијата за надворешни работи за врски со земјите од Магреб.

Известувачите за Србија и за Босна и Херцеговина, членови на Европската народна партија, ќе бидат избрани во понеделник, а имињата на известувачите за Црна Гора (Тонино Пицула), Албанија (Изабел Сантос) и за Косово (Виола фон Крамон) веќе беа претходно објавени.

Треба да знаете
Последни објави