Search

Бугарка зела 700 евра од скопјанка за да ѝ истера црна магија

Педесет и шестгодишна жена од Бугарија со живеалиште во Скопје, била приведена бидејќи од жена одзела 700 евра и две златни лири.

МВР јави дека измамничката случајно ја сретнала оштетената во центарот на Скопје и, според пријавеното, во разговор и кажала дека забележала дека има проблеми, дека и е направена црна магија и дека таа може да и помогне да ја истера магијата. Тие имале средби во центарот на Скопје.

При приведувањето кај измамничката биле пронајдени златните пари и девизите и ѝ биле вратени на оштетената. За случајот бил известен Јавен обвинител, а по целосно документирање против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави