Search

Бугарија го укинува задолжителниот карантин за патниците од Македонија од 1 јуни

Бугарија планира од 1 јуни да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за патниците од Македонија и од повеќето земји на ЕУ, но не и од земјите со најголема епидемија на коронавирусот, рече денеска главниот инспектор за здравство Ангел Кунчев.

Карантинот ќе остане задолжителна за патниците од Шведска, Белгија, Ирска, Португалија, Шпанија, Италија и Малта, како и од Велика Британија, која е во транзициски период по напуштањето на ЕУ.

Кунчев рече дека работната група за сузбивање на вирусот и предложила на Владата да го укине карантинот од 1 јуни. Овој план треба да добие потврда од министерот за здравство.

„Планираме да го укинеме задолжителниот карантин за Бугарите кои се враќаат од странство и за патниците од Северна Македонија и Србија, како и за земјите на ЕУ. А ќе ги задржиме за осумте земји на ЕУ кои имаат најмногу регистрирани случаи во претходните две недели“, рече Кунчев.

Со укинување на карантинот и отворање на границите, властите се обидуваат да ја поттикнат трговијата и летната туристичка сезона во одморалиштата на брегот на Црното Море.

Треба да знаете
Последни објави