Search

Бублик: Го мразам тенисот, играм само за пари

– Рускиот тенисер со казахстански пасош, Александар Бублик се проби на социјалните мрежи со неговиот однос во мечот со Хенри Лаксонен на АТП турнирот во Монпелје, минатата недела. По серија грешки, во еден момент почна да вика „со цело срце го мразам тенисот, најодвратен е од сите спортови, мразам што мора да играм секој ден и да се борам”.

Оваа недела настапува на турнирот во Марсеј и објасни зошто го мрази тенисот.

– Не гледам ништо позитивно. Играм само за пари. Ако нема вака голема заработувачка, веднаш би прекинал да играм”, истакна 55. рекет на АТП ранг листата.

Бублик лани играше две финалиња на АТП турот. Во Њупорт загуби од Џон Изнер, а во Ченгду од Пабло Карењо Буста. Најдобар пласман на АТП листата ми е 48-то место и досега во кариерата има заработено околу 1,5 милиони долари.

Треба да знаете
Последни објави