Search

Бруно Марс ќе продуцира и глуми во Дизниев мјузикл

Бруно Марс наводно склучил договор со Дизни за да глуми и продуцира мјузикл под палката на Дизниевото студио.

Според таблоидот „Дедлајн“, сè уште не се откриваат детали за проектот, но, сепак, се знае дека продукцијата ќе содржи претежно оригинална музика којашто Бруно ќе ја создаде и изведува.

34-годишниот поп пејач со вонсериски глас неодамна на својот Инстаграм откри дека работи на голем проект, свирејќи ја на пијано дизниевата When You Wish Upon a Star, а во опис ги напиша нејзините стихови.

На снимката пишуваше: „Ако срцето е во вашиот сон, ниту едно барање не е преголемо.“

„Кога ќе посакаш желба… Марс ќе се сретне со глувчето. Ќе одам во Дизниленд. Јессс!!“

Марс веќе има играно во два филма „Меден месец во Вегас“ и „Рио 2“.

 

Треба да знаете
Последни објави