Search

Бројот на туристи во Црна Гора само 14% во однос на претходната година

Србија и Русија се двата клучни пазари за цела Црна Гора. Сепак, бројот на туристи во моментов е на 14 % во однос на претходната година, вели директорката на Туристичката Организација Тиват, Даница Бањевиќ, пренесува Б92.

Русите може да ја посетат земјата од 7 август, но се уште се чека дали Русија ќе ги отвори границите за Црна Гора. Туристите од Србија по пристигнувања се на второ место, изјави таа во онлајн конференција „Лето 2020: Туризмот во годината која ја изеде корона“.

Сведоци сме дека летната туристичка сезона, за жал, не ги исполни планираните очекувања какви што ги имавме, имајќи ја во предвид успешноста претходната сезона, а исто така и да се откажуваат однапред резервирани аранжмани од пазарите кои моментално се на црвената листа на Институтот за јавно здравје, додава таа.

Одзивот е, како што вели, добар, пред се кога станува збор за граѓаните на БиХ, кои моментално се наоѓаат на жолтата листа, односно може да влезат во Црна Гора со негативен тест на корона.

Сепак, бројот на туристи во моментов е на 14% во однос на претходната година, истакна Бањевиќ.

Треба да знаете
Последни објави