Search

Бројот на студенти чие ментално здравје е нарушено е сè поголем

Две третини од студентите во Британија велат дека се согласуваат со тоа универзитетите да ги известуваат нивните родители ако тие се соочуваат со некакви проблеми со менталното здравје, открива анкета што се спроведува на годишно ниво.

Анкетата покажува дека студентите сè почесто се обидуваат да си го одземат животот поради преголемиот стрес и анксиозноста што ја чувствуваат.

Од вкупно 14.000 студенти кои биле дел од ова истражување, само 14% одговориле дека се задоволни од својот живот.

Поголемиот број од анкетираните изјавиле дека тие би сакале нивните родители да бидат известени за  какви било проблеми и покрај тоа што студентите се независни возрасни личности.

Резултатите од анкетата се во голема мера загрижувачки, главно поради тоа што само 18% од испитаниците одговориле дека се среќни, 17% одговориле дека нивниот живот е „вреден“, а само 16% изјавиле дека не се анксиозни.

Околу 66% се согласиле дека универзитетите треба да пријават проблем кај родителите ако тие забележуваат некакви загрижувачки промени, додека, пак, 18% рекле дека универзитетот во никој случај не смее да ги контактира нивните родители.

„Ова истражување го гази митот дека студентите само сакаат да ‘избегаат’ од своите родители и старатели“, вели сер Ентони Селдон, потпретседател на Универзитетот во Банкингам.

„За многу студенти е неверојатно тешко да преминат од училиште на универзитет. Присуството на родителите или старателите може да биде само од помош“, додава сер Ентони.

Треба да знаете
Последни објави