Search

Бројот на депортирани од Гемрнаија зголемен за 2019 година

Германските власти издадоа 11.081 наредби за депортација во 2019 година, што е нагло зголемување во споредба со 2018 година, кога беа издадени 7.408 такви наредби. Ова го соопшти владиниот претставник како одговор на пратеничко прашање, јави ДПА.

Налозите за депортација најчесто се издавале за Украинци – 1.252, а потоа следат Албанци – 1.220 и Срби – 828.

Властите во југозападна Германија најчесто прибегнувале кон таа практика. Податоците беа објавени како одговор на прашање од партијата Левица.

Налозите за депортација најчесто се издаваат на странци кои претставуваат закана за јавниот ред, како што се дилери на дрога или поддржувачи на терористички организации. Странците погодени од таквата мерка мора да ја напуштат Германија и не им е дозволено повторно да влезат во државата.

Треба да знаете
Последни објави