Search

Бркотница во Визбегово: Им напишале казна, па ги бркале полицајците за да ги тепаат

На 28.09.2020 околу 12.40 часот на булевар Словенија во Скопје, на влез за село Визбегово, полициски службеници сопреле патничко возило „дачиа дастер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(54) од Скопје, во кое сопатници биле три лица.

Притоа, полициските службеници констатирале прекршок и му издале записник на возачот. Малку подоцна, на булеварот во близина на крстосницата со магистрален пат Скопје-Блаце, на службеното возило управувано од полициските службеници му бил пресечен патот од „дачиата“.

Од автомобилот излегол И.И. и трите лица, од кои едно од нив физички нападнало полициски службеник, по што избегале. Набргу потоа, возачот и другите лица биле пронајдени и приведени во полициска станица. Станува збор за А.И.(51), Р.И.(56) и М.И.(53), сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави