Search

„Бритиш Ервејз” ги прекинува летовите од аеродромот Гетвик

Британската авиокомпанија „Бритиш Ервејз” времено ќе ги прекине сите летови од аеродромот Гетвик, вториот најфреквентен  аеродром во Велика Британија, поради епидемијата на коронавирусот.

На одлуката влијаеле деловните ограничувања и предизвикувачкиот пазар за време на пандемијата на Ковид-19.

„Бритиш Ервејз” претходно овој месец соопшти дека компанијата се бори за опстанок и ќе мора да отпушти одреден број работници.

Авиокомпанијата ќе продолжи да реализира летови од аеродромот Хитроу во Лондон.

Треба да знаете
Последни објави