Search

Британците денеска повторија дека сакаат измени на делови од договорот со ЕУ за Брегзит

Британската делегација во преговорите со ЕУ денеска во Брисел, на деветата рунда од преговорите меѓу двете страни за идните трговски односи, повтори дека сака измени на делови од договорот за напуштање на Унијата, познат како Брегзит.

-Позицијата на Велика Британија е далеку од она што ЕУ може да го прифати, рече потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович по состанокот со британскиот официјален преговарач Мајкл Гоув.

Гоув додаде дека се уште има „разлики меѓу двете страни”.

Двајцата разговараа за контроверзниот предлог-закон за кој се дискутира во британскиот Парламент, со кој се доведуваат во прашање одредени точки од договорот за Брегзит, што официјално стапи на сила на 31 јануари оваа година.

Една од точките на спорниот предлог закон се однесува на Северна Ирска. Според договорот меѓу Лондон и Брисел предвиден е механизам за да се избегне воведување физичка граница меѓу оваа британска покраина и Република Ирска. Британците сакаат измени токму во оваа одредба, што предизвикува незадоволство во Брисел.

ЕУ, пак, бара од Велика Британија да го повлече нацрт-законот, заканувајќи се дека во спротивно за ова прашање правна помош ќе побара од судските инстанци. Шефчович денеска го повтори ова барање, додавајќи дека нацрт-законот претставува „исклучително сериозно кршење на договорот”.

Преговорите меѓу двете страни продолжуваат утре во Брисел.

Треба да знаете
Последни објави