Search

Британските пратеници ќе гласаат за осум различни опции за напуштање на ЕУ

Британските пратеници ќе можат да гласаат за осум многу различни опции за излез на Велика Британија од Европската Унија. Портпаролот на Долниот дом на британскиот парламент Џон Беркоу ги избра денеска тие осум предлози, од вкупно 16 коишто ги поднесоа пратениците.

Меѓу предлозите, кои ќе бидат разгледувани, се повиците да се излезе од ЕУ без договор за разијдување, да се остане во единствена трговска и царинска унија со ЕУ, да се стави каков било договор за заминување на референдум, или да се откаже Брегзит ако стане извесно дека тоа ќе значи разијдување без договор, пренесува АП.

Ова ,,индикативно гласање” треба да покаже дали некој план на Брегзит би можел да го добие мнозинство во парламентот.Пратениците двапати досега со мнозинство гласови го отфлија договорот којшто по две години преговори го постигна британската премиерка Тереза Меј.

Владата вети дека ќе ги разгледа резултатите од гласањето, но не и дека ќе биде обврзана да ги следи.

Треба да знаете
Последни објави