Search

Британскиот Хоум офис под блокада по напад со нож

Вооружената лондонска полиција стави под заштитен кордон голема област во Вестминстер откако едно лице било прободено со нож пред британскиот Хоумј офис во центарот на Лондон. Полицијата соопшти дека неговите повреди се опасни по живот.

Сведоците на инцидентот изјавиле за „Дејли експрес“ дека виделе крвав човек во костум што ја напушта зградата. Според извештаите, повредениот бил вработен во Министерството за внатрешни работи.

„Многу вооружени полицајци и подигнат кордон пред Министерството за внатрешни работи. Човек со крваво лице беше одведен од болничарите,“ посочи еден од сведоците.

Скотланд Јард потврди дека еден човек е уапсен под сомнение за нанесување тешки телесни повреди и е однесен во полициска станица.

Треба да знаете
Последни објави