Search

Британскиот парламент бара анализа на договорот за Брегзит

Комисијата за финансии при британскиот Парламент побара од Министерството за финансии да состави нова прогноза на трошоците за излез од ЕУ според новиот договор со Брисел.

Комисијата смета дека тоа е неопходно пред утрешното гласање за документот во законодавниот дом на Британија.

– Неприфатливо е што Комисијата не ја добила оваа информација од Министерството за финансии. Тоа наликува на обид да се избегне проверка, истакна вршителот на должност претседател на Комисијата, Кетрин Мекинел во писмото испратено до министерот за финансии Саџид Џавид.

Џавид вчера пред новинарите во Вашингтон изјави дека не планира да ја „освежи” прогнозата за трошоците од Брегзит, која неговото Министерство последен пат ја објави во ноември 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави