Search

Британска актерка нападната во супермаркет затоа што побарала од луѓето да се придржуваат кон пропишаното растојание

Британската актерка Чарли Веб (32) им се пожали на своите следбеници на „Твитер“ дека луѓето надвор не ги следат упатствата што ги добиле за да се заштитат од зараза со коронавирус.

„Денес отидов во мојот локален супермаркет. Никој не носеше маска или нараквици, вклучувајќи ги и луѓето што работат таму. Морав да им кажам на две лица да престанат да стојат помалку од два метри и доживеав вербален напад. Многу луѓе не го сфаќаат ова сериозно“, напиша таа.

Една придружничка, пак, го опиша своето искуство.

„Живеам во Тадкастер и тука е сè е дво ред, но мајка ми живее во Јорк и ми рече дека сите од улицата правеле забава и 30 пијани лица стоеле еднододруго. На друга улица се правела скара, некои луѓе навистина се кретени“, коментира таа.

Треба да знаете
Последни објави