Search

Британската полиција и Хоум Офисот потврдија: Асанж е уапсен по барањето за екстрадиција од САД

Скотланд Јард потврди дека Асанж бил уапсен откако добил барање за негова екстрадиција од САД, пренесува „Гардијан“ . Во соопштението од полицијата се вели:

„Џулијан Асанж денеска, четвртокот 11 април, беше уапсен по барање на властите на САД, по неговото доаѓање во централната лондонска полициска станица. Ова е барање за екстрадиција според Дел 73 од Законот за екстрадиција. Тој ќе биде изведен пред судот во Вестминстер што е можно поскоро.“

Британскииот Хоум Офис го потврди барањето на екстрадиција на Асанж во САД поради наводен компјутерски криминал. Портпарол на Хоум Офисот рече:

„Можеме да потврдиме дека Џулијан Асанж е уапсен во врска со барањето за екстрадиција од САД. Тој е обвинет за пкомпјутерски криминал во САД”.

САД побараа екстрадиција на Асанж веднаш откако тој беше уапсен во Амбасадата на Еквадор во Лондон.

Од друга страна, во однос на можната екстрадиција на Асанж во САД, британскиот министер за Европа и за Америка, Алан Данкан, посочи дека Велика Британија не ги екстрадира луѓето во земји каде што би можеле да се соочат со смртна казна.

„Тоа е нашата широка политика во сите околности, така што подеднакво важи и за Џулијан Асанж. Тој нема да биде екстрадиран ако се соочува со смртна казна,“ изјави Данкан за  „Скај њуз“.

Треба да знаете
Последни објави