Search

Британската армија повлече илјадници војници од Германија

Британската армија е среде најголемата релокациска вежба во модерната историја на Велика Британија бидејќи враќа 11.000 лица, вклучително и војници и нивни семејства, дома од Германија, пренесува „Дејли експрес“.

Повеќето од нив, наводно, ќе бидат вратени во Салисбери Плејн во Вилтшир и ќе бидат стационирани во трите гарнизонски градови Булфорд, Тидворт и Ларкил, каде што се изградени стотици куќи за нив во изминатите четири години.
Министерството за одбрана досега не ги коментираше извештаите.

Наводниот потег е дел од планот од ерата на Дејвид Камерон да се повлечат 20.000 британски трупи од германска територија до 2020 година иако претходно било предвидено да останат до 2035 година.

Британските трупи се стационирани во Германија од крајот на Втората светска војна, но во октомври 2010 година Камерон го најави предвременото повлекување, тврдејќи дека повеќе не постои оперативна причина Велика Британија да има база таму, а тековните аранжмани наметнуваат финансиски трошоци за земјата.

Во тоа време, Камерон рече дека половина од персоналот треба да се врати до 2015 година, а остатокот до 2020 година.
Во текот на викендот, „Гардијан“ во својот извештај се повика на податоци од Министерството за одбрана на Велика Британија според Законот за слобода на информации, а во него се наведува дека е во тек криза за вработување на армијата во Велика Британија.

Според бројките, борбените единици работат со 40 отсто под капацитетот, а бројот на трупите во пешадиски полк се намалувал континуирано во петгодишниот период од 2014 до 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави