Search

Британската амбасадорка Галовеј ја посети Општина Виница

– Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј денеска беше во работна посета на Општина Виница, при што со градоначалникот Ивица Димитров разговараше за реализацијата на приоритетните инфраструктурни зафати и другите тековни активности на локалната самоуправа.

На средбата беше истакната одличната соработка и поддршката што Виница ја има од британската Амбасада во реализацијата на проекти што се финансирани преку Европската инвестициска банка.

– Мило ми е што можев да слушнам дека локалната заедница и граѓанските организации успешно работат во актуелните услови на пандемија. Посебно задоволство ми е што преку невладината Организација „Хера” овде се реализира проект што е поддржан од Обединетото Кралство, а што се однесува на добивањето бесплатни здравствени и гинеколошки услуги за жените од руралните средини кои не се во можност сами да ги обезбедат. Исто така, преку посетата на музејот „Теракота” ќе научам повеќе за богатата историја на овој регион, истакна амбасадорката Галовеј.

Градоначалникот Димитров упати благодарност за поддршката што Општина Виница ја има во искористувањето финансиска помош од Европската инвестициска банка, при што го издвои проектот за поврзување на селото Лески кон градската водоводна мрежа, за што ќе се инвестираат околу 400 илјади евра.

Во рамки на посетата на Виница, амбасадорката Галовеј оствари средба со членови на Советот на Општината, како и со претставници од бизнис-секторот и од граѓанските здруженија.

Треба да знаете
Последни објави