Search

Британија: Откриен случај на заболен од новиот коронавирус во лекарска практика

– Вработен во медицинскиот центар Каунти оук во јужниот англиски град Брајтон, е позитивен на новиот коронавирус 2019-nCoV, јави Би-Би-Си. Медицинскиот цвентар Каунти оук е времено затворен.

Британија објави дека новиот коронавирус е  сериозна и непосредна закана за јавното здравје, потег што и дава на Владата дополнителни овластувања за борба против ширењето на вирусот.

Досега бројот на заразаени во Британија од новиот коронавирус е осум луѓе.

Заразениот го посетил Сингапур и потоа бил на кус одмор во Франција. Тој е хоспитлаизиран во болницата Сент Томас во Лондон.

Другите заразени меѓу кои и едно дете, се исто така во болница, но во добра состојба. Според Би-Би-Си, здравственитевласти се во потрага по лица кои имале контакти со инфицираното лице.

Треба да знаете
Последни објави