Search

Брисел и Лондон постигнаа договор за меѓусебните идни односи

Преговарачките тимови на Брисел и Лондон постигнаа договор за предлог-политичката декларација за идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија по Брегзит, соопшти денеска официјален претставник на Унијата.

Тој најави дека постигнатиот предлог-документ денеска ќе го разгледаат амбасадорите на 27-те земји членки на ЕУ на нивната средба во Брисел.

Претставникот на ЕУ наведе дека меѓу двете страни се уште има разлики во врска со Гибралтар, но изрази надеж дека сепак документот ќе биде финализиран на време, за да биде разгледан на Самиот на ЕУ в недела, кој првенствено ќе биде посветен на Предлог-договорот за Брегзит постигнат минатата среда.

Договорот за Брегзит веќе го одобри британската Влада, а сега останува тој да биде поддржан уште од Парламентот во Лондон и од земјите членки на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави