Search

Брејвик побара условно ослободување

Масовниот убиец Андерс Брејвик побара условно пуштање на слобода, изјави денеска неговиот адвокат Оејстеин Сторвик, за норвешкиот дневник „ВГ“.

Брејвик планира да поднесе нова тужба против норвешката држава поради условите под кои престојува во затвор, каде е одделен од другите затвореници, рекол неговиот адвокат.

Брејвик, кој е најозлогласен затвореник во Норвешка, се наоѓа во затвор откако во 2011 година уби 77 луѓе на островот Утоја и во центарот на Осло.

Во 2012 година судот го осуди на 21 година затвор, а казната може да биде и продолжена на неодреден период.

„ Во негово име поднесов барање за условно ослободување. Тој има право на законско разгледување за условно пуштање на крајот на минималниот период, а во овој случај тоа се 10 години. Тоа право го имаат сите осуденици и тој сака да го искористи“ изјавил адвокатот на Брејвик.

Тој и претходно ја тужеше норвешката држава зошто во затворот се наоѓа во изолација, што според него, претставува кршење на Европската конвенција за човакови права и нехуман и деградирачки третман.

Во затворот Скијен тој има три ќелии од по десет метри квадратни со поглед надвор и може да се занимава со рекреација, игра видео игри и гледа телевизија.

Треба да знаете
Последни објави