Search

Брена изгубила куфер полн со пари на аеродромот во Белград

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена остана без куферот во кој ги носела парите добиени за закажаниот концерт во Германија. Мегапопуларната пејачка дури кога стигнала на аеродромот во Белград сфатила дека останала без куферот во кој го носела целиот хонорар добиен за концертот кој требало да го одржи.

Брена редовно земала хонорар за насстапите однапред. Бидејќи  во себе веќе имала неколку илјади евра, добиените пари ги ставила во куфер. Но, кога се вратила во Белград, куферот го немало на аеродромската лента. Брена веднаш направила драма, а на шалтерот и рекле дека нејзиниот багаж е изгубен и дека ќе ја повикаат кога ќе го најдат, за да го преземе. Наскоро ја информирале дека куферот е пронајден, но не е познато дали внатре биле парите.

Треба да знаете
Последни објави