Search

Бред Пит доби втора шанса да ја заведе Марго Роби

New Idea пренесува дека Бред Пит „ѝ фрлил око“ на моментално најбараната актерка во Холивуд, 30-годишната Марго Роби. И двајцата, наводно, повторно ќе се сретнат на филмското платно, по успехот што го доживеаја глумејќи во филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“, овој пат во новиот филм „Вавилон“, што ќе му даде шанса на Бред да ја заведе актерката.

Иако јавноста сè уште не е запознаена со деталите за поделбата на улогите, ниту пак Марго официјално потврди дека ќе глуми во филмот, фановите се надеваат дека двајцата ќе имаат улоги на љубовници, што секако ќе му даде „ветер на грбот“ желбата на Бред да ја заведе и да ја „грабне“ од раката на нејзиниот сопруг, продуцентот Том Акерли, со кого е во брак од 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави