Search

Бразил на трето место во светот според бројот на заразени со коронавирус

Бразил се искачи на третото место во светот во однос на бројот на заразени со новиот коронавирус, откако ја надмина Велика Британија.

Бројот на заболени во Бразил се зголеми за 13.140 и достигна 254.220, додека во Велика Британија се регистрирани 247.706 случаи на инфекција, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс. Во изминатото деноноќие од Ковид-19 во Бразил починаа 674 луѓе, со што смртниот биланс сега изнесува 16.792 лица. Бразил е на шесто место во светот по бројот на починати.

Државата Сао Паоло е епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Бразил, како и нејзиниот главен град Сао Паоло, каде живеат повеќе од 21 милиони луѓе.

Треба да знаете
Последни објави