Search

Босанец пукал во специјалци во Германија, повреден полицаец

Државјанин на Босна и Херцеговина во Германија пукал на припадници на специјалната полиција при што едно лице е рането во пределот на градите.

Како што пренесуваат германските медиуми, вистинска драма се одвивала во германскиот град Гладбек, кога специјалната единица на полицијата била повикана да интервенира во станот на 51-годишниот Веско Б. Кога влегле во неговиот стан, Веско го зел пиштолот и пукал, при што погодил еден специјалец.

Заштитниот елек му го спасил животот на полицаецот.

„Колегата е лесно повреден. Примен е во болница“, рекла портпаролката на полицијата, Рамона Хурст.

Полицијата без употреба на огнено оружје успеала да го совлада и да му стави лисици на рацете.

„Уапсениот е веќе пријавуван поради вооружени закани, што беше и причина да испратиме специјална единица“, рекла Хурст.

Обвинетиот сега го очекува пријава за обид за убиство.

Треба да знаете
Последни објави