Search

Босанец протеран од Австрија откако 45 пати возел без возачка дозвола

Млад човек е протеран од Австрија бидејќи 45 пати управувал автомобил без возачка дозвола, а за овие прекршоци му се изречени казни во висина од 135.000 евра.

Станува збор за 23-годишник роден во БиХ, кој целиот свој живот го минал во Австрија.

Поради извршените прекршоци, му се заканува затворска казна од три години, пренесуваат порталите од БиХ.

Властите одлучиле човекот да биде протеран од Австрија, бидејќи е осомничен за уште неколку прекршоци, меѓу другото и за комерцијална измама.

Треба да знаете
Последни објави