Search

Борко Ристовски: Ме радува што сè уште не краси борбеноста и духот од минатото, можеме да ги добиеме Данска и Црна Гора

Поранешниот голман на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски, е оптимист по прикжаната игра на ракометарите на првиот натпревар од ЕП 2022. „Црвено-жолтите“ загубија од Словенија со 25:27, но прикажаа одлична игра и само поради неискуството не успеаја да извлечат позитивен резултат против фаворизираниот противник.

Ристовски анализирајќи го натпреварот за МТВ, изјави дека и пријатно изненаден од прикажаната игра на ракометарите која ветува дека може да во наредните два натпревари против Црна Гора и Данска да донесе победи.

– Ме радува што сѐ уште нѐ краси борбеност и дух што нѐ красеше и во минатото. Се вративме двапати и во ниту еден момент не се предадовме. Треба да се извлечат позитивни работи од поразот. Тоа е дека се појавија неколку млади играчи, кои можат да помогнат и во иднина и позитивно сум изненаден во одбраната како одиграа Мишевски и Талески. Жал ми е што не искористивме одбраните на Томовски. Не го искористивме џокерот што го имаме на првите мечеви кога фаворитите влегуваат потешко. Но, сигурен сум дека имаме шанси да ги добиеме следните два натпревари против Црна Гора и Данска. Оваа игра ми дава за право да се надевам дека можеме да ги добиеме – рече Ристовски за МТВ.

Треба да знаете
Последни објави