Search

Борисов: Европскиот совет прифати сè што предложивме за миграцијата

Сè што Бугарија предложи на тема миграција, колегите на Европскиот совет го прифатија. Тоа е она што бугарскиот премиер Бојко Борисов го изјави пред новинарите во Брисел.

Тој посочи дека ќе бидат доделени повеќе ресурси за заштита на надворешните граници.

„Договорот со Турција функционира. Ние исто така ќе работиме со земјите од Африка за потпишување слични договори“, додаде премиерот на Бугарија. Борисов истакна дека се дискутирало за можноста за градење безбедносни зони надвор од Европа, како и дека центрите за мигранти на ЕУ треба да бидат доброволни“, објави прес-службата на владата.

Борисов од Брисел ја поздрави одлуката на Советот за започнување на претпристапните разговори во 2019 година со Албанија и Македонија.

Треба да знаете
Последни објави