Search

Борел загрижен по одлуката на САД за санкции за МКС

Високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеф Борел изјави дека е „многу загрижен”  по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да одобри воведување економски санкции против сите функционери на Меѓународниот кривичен суд (МКЦ), вклучени во истрагите на американските сили.

Тој рече дека ЕУ ќе ги разгледа сите импликации од таа одлука и дека ќе се дискутира на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, што ќе се одржи преку видео конференција в понеделник, 15 јуни, и дека е планиран разговор со државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

– Објавата дека претседателот Доналд Трамп потпишал указ со кој се одобруваат санкции на САД против персоналот на Меѓународниот кривичен суд вклучени во секоја истрага за активностите на американските сили, можеби за воени злосторства во Авганистан, е многу загрижувачка, рече Борел.

Тој додаде дека ЕУ силно го поддржува Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг, бидејќи има клучна улога во воспоставувањето на меѓународната правда.

Треба да знаете
Последни објави