Search

Борел го повика Зариф на „почитување” на нуклеарниот договор за Иран

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел, се сретнал со шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф со цел Техеран да се убеди да „го почитува” се покревниот нуклеарен договор, се наведува во соопштението на Брисел, пренесено од француските медиуми.

Средбата на двајцата дипломати се одржала во Њу Делхи, на маргините на безбедносна конференција.

„Првиот човек на европската надворешна политка Жозеп Борел се сретна со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф во Њу Делхи… предупредувајќи го дека договорот сега е поважен од било кога претходно”, имајќи ги предвид нараснатите тензии на Блискиот Исток”, се наведува во соопшението од ЕК.

Треба да знаете
Последни објави