Search

Бомбашки напад во северна Сирија од каде се повлекуваат силите на САД

Едно лице загина денеска во бомбашки напад во северна Сирија, во градот Азаз, кој е под контрола на борците поддржани од Турција, пренесоа турските медиуми.
Според турски Си-Ен-Ен, две лица се повредени кога експлодирал мотоцикл со експлозив.
Нападот се случи откако американските сили започнаа да се повлекуваат од позициите долж границата со Турција, отворајќи пат за турската офанзива.
Азаз некогаш беше под контрола на сириските Курди, противници на Турција
Треба да знаете
Последни објави