Search

Бомбашки напад во близина на воена академија во Авганистан, најмалку 5 загинати

Пет лица загинаа, а 12 се повредени кога бомбаш-самоубиец активираше експлозив во близина на воената академија на Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Загинаа тројца војници и двајца цивили, а пет цивили повредени, се вели во соопштението.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Академијата е наменета за обука на авганистанските питомци и досега беше цел на неколку напади.

Треба да знаете
Последни објави