Search

Бомбардиран турски набљудувачки пункт во Сирија

Тројца турски војници се полесно ранети при напад врз набљудувачки пункт во сириската провинција Идлиб, соопшти Министерство за одбрана на Турција.

Во соопштението се посочува дека нападот бил од територија под контрола на сириските владини сили.

– Од територијата, контролирана од сирискиот режим, беше бомбардиран наш набљудувачки пункт во Идлиб. Врз објектот беа истрелани 35 минофрлачки гранати. Тројца од нашите војници беа полесно повредени, а дел од опремата беше оштетен, стои во соопштението.

По разговорите меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган во септември минатата година во Сочи, министрите за одбрана на двете земји потпишаа меморандум за стабилизирање на ситуацијата во Сирија и се согласија да создадат демилитаризирана зона во Идлиб.

Во провинцијата Идлиб има повеќе од десетина различни формации со околу 30.000 војници, меѓу кои и странски платеници. 

Треба да знаете
Последни објави