Search

Болсонаро повторно на терапија

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека зема антибиотици поради инфекцијата од која се чувствува слаб, откако се зарази со Ковид 19 на почетокот на месецот.

„Само што ми направија анализа на крвта. Вчера се чувствував малку слаб. Имам инфекција и сега сум на антибиотици“, рече Болсонаро во вчерашното видео.

Претседателот на Бразил беше позитивен за коронавирус на 7 јули, но тој беше излечен, пишува „Би-би-си“.

Неговата сопруга Мишел Болсонаро беше тестирана за коронавирус и таа е позитивна, објави претседателската палата.

Болсонаро претходно го спореди Ковид-19 со мал грип и се жалеше поради воведувањето рестриктивни мерки и нивното влијание врз економијата.

Бразил се најде на второто место во светот по бројот на заразени и починати од коронавирус.

Треба да знаете
Последни објави